Дома Фудбал Се чекаше одговорот на Гвардиола: Тоа е лага и тој го знае тоа!

Се чекаше одговорот на Гвардиола: Тоа е лага и тој го знае тоа!

Во последните денови многу се пишуваше во медиумите за жестокиот напад на Јаја Туре кон Пеп Гвардиола.

Туре во изјавата за француските медиуми го обвини стратегот на Манчестер Јунајтед, Пеп Гврадиола дека е расист!

Иако на почетокот Гвардиола не сакаше да се огласи на оваа тема, сега Пеп му одговори на Туре:

„Тоа е лага и тој тоа го знае! Соработувавме во Манчестер Сити две години и тој дури сега одлучи да излезе во јавноста со таква изјава. Никогаш во лице не ми кажал ништо“, одговори Пеп.

Дека Туре и Гвардиола не се во добри односи покажува и фактот што фудбалерот во последната сезона беше стартер на само еден натпревар, но дали навистина во тоа е проблемот не можеме да кажеме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…