Дома Трансфер зона Лука Тони го советува Баерн: Купете го Икарди!

Лука Тони го советува Баерн: Купете го Икарди!

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Лука Тони, смета дека клубот ќе направи одлична зделка доколку ова лето го донесе на „Алијанц Арена“ напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

Аргентинецот се смета како идеален наследник на Роберт Левандовски, кој јавно изрази желба да го напушти Баерн ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога некој играч сака да замине, мора да го пуштиш. Икарди од Интер ќе биде совршен за Баерн. Тој е одличен напаѓач и е помлад од Левандовски“, изјави Лука Тони.

Германскиот гигант е еден од ретките клубови кои можат да си дозволат да ја платат откупната клаузула на Икарди во вредност од 110 милиони евра, а доколку го направи тоа, Икарди ќе биде наскапото засилување во историјата на баварскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…