Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ за детството: „Човекот можете да го извадите од гето, но гетото од него никогаш“!

Ибрахимовиќ за детството: „Човекот можете да го извадите од гето, но гетото од него никогаш“!

ibrahimovic

Фудбалерот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ се потсетува како кога бил дете секогаш одел кај неговата мајка да јаде, зошто крадел велосипеди и поради што се уште го сака „гетото“.

Ибрахимовиќ за „ЕСПН“ зборуваше за своето детство и за тоа како одел од едниот до другиот родител.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мојата мајка беше хигиеничарка, додека татко ми работеше на одржување на заградата. Не беа секогаш до мене мораа да работат и да обезбедат пари. Живеев со мојот татко и трчав кај мајка ми да јадам и потоа таа се жалеше дека јадам за четворица и не ми беше дозволено да јадам се и сешто“.
Кај неговиот татко во фрижидерот имало пиво, млеко, леб и путер.

„Тоа беше доручек, ручек и вечера, но даваше се од себе за јас да имам добро детство и благодарен сум на тоа. Дојдов од крај кој не беше богат, луѓето тоа го нарекуваат „гето“, а јас тоа го нарекува „рај“ бидејќи се чуствувам како дома. Таму можам да бидам јас дури и сега. Не барате почит, се борите за да ја добиете. Морате да се борите за себе и да бидете доминантни. Фудбалот е само нешто кое сакав да го правам“.

„Бев слободен, живеевме во место со повеќе згради и станови, едни покрај други и со голем двор. Кога и да посакавте можевте да излезете да си играте. Не ги познававте сите луѓе, но само игравте, сите бевме како едно кога бевме заедно. Никој не се осудуваше да каже: „еј какви ти се панталоните“ или „каква ти е фризурата“. Сите бевме на исто ниво и имавме исти шанси“.

На прашањето дали бил добар во крадењето велосипеди Ибра одговори: И понатаму сум добар во тоа“.

„Мојот татко немаше пари да ми купи и тогаш излегов на улица и чекав прилика да украдам некој. Успеав, украдов и отидов на тренинг и се вратив. Кога бев фатен, им одговорив дека само го позајмив, еве земете го“.
За крај Ибра порача:

„Можете да извадите некого од гето, но гетото од него никогаш. Во Лос Анџелес не сум имал никакви проиблеми, но ако пример не ме пуштат во некој ресторн, ќе го купам и ќе го претворам во паркинг“, предупредува шведскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…