Парите стигнаа од Луксембург, но ќе видиме што ќе се случи до крајот на јуни…
Јонгхонг Ли во последен момент уплати 10 милиони евра, парите стигнаа од Луксембург, па Кинезот нема да го изгуби клубот, барем не засега.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
УЕФА и понатаму му „виси“ над глава на Милан, но во овој момент се е на чекање, Ли би требало да плати уште 30 милиони евра до крајот на овој месец во спротивно Милан ќе заврши во рацете на инвестициониот фонд „Елиот“ кој на клубот во текот на летото му позајми 300 милиони.
Се шпекулира дека кинескиот сопственик е во потрага по партнер, за им ги продаде дел од акциите со цел да дојде до свеж капитал. Иако клубот се соочува со финансиски проблеми во медиумите се пишува и дека Гатузо добил ветувања за нови засилувања.
Наводно ветен му е Депај од Лион како и еден „бомбардер“, без разлика дали ќе биде Фалкао во размена за Андре Силва или пак Алваро Мората.
Меѓутоа, она што е проблем се платите на споменатите играчи, ако фудбалерите не се согласат да ги намалат своите приходи (во однос на сегашните клубови), тие ќе бидат невозможна мисија за Милан.
Што уште му е потребно на Гатузо?
Еден играч за врска, се споменуваше Бадељ, дури и враќање на Јурај Куцка, но се е на „стенд бај“ до одлуката на УЕФА.
Стриниќ веќе пристигна, мета беше и Каљехон од Наполи, но Анчелоти едноставно стави рампа на овој трансфер и Шпанецот нема да биде продаден.
Како и да е сега во Милан акцентот е ставен на финансиите, па засилувањата се во втор план.