Дома Фудбал Останато Салах доби конкуренција: Селекторе, ослабев 37 килигорами, повикајте ме – имате загарантиран гол!

Салах доби конкуренција: Селекторе, ослабев 37 килигорами, повикајте ме – имате загарантиран гол!

mido

Поранешниот напаѓач на Египет се обрати до селекторот на својата репрезентација.

Пред нешто повеќе од два месеци во јавноста се појавија слики од поранешната египетска ѕвезда Хосам Хасан Мидо како позира на плажа со очигледно голем број вишок килограми.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа Египќанецот во меѓувреме успеа да ослабе и да дојде до колку-толку прифатлива тежина по што се огласи на Твитер каде што постави фотографија и испрати порака.

„Изгубив 37 килограми, останаа уште 15 кои треба да ги ослабам. Им благодарам на сите кои ме критикуваа! Им благодарам на сите кои ме исмејуваа! Вие го променивте мојот живот и влијаевте на мене да го променам својот стил на живот и повторно да почнам да се грижам за своето здравје. Ви благодарам на сите кои ми помогнавте“, напиша Мидо на својот Твитер профил.

Покрај тоа Мидо испрати и порака до селекторот на Египет, Ектор Купер.

„Господине Купер, знам дека сте во очајна потрга по напаѓач кој може да ја задржи топката и добро да одигра во контра напад. Постигнував гол на секои два натпревари во дресот на

Египет, така да од мене имате загарантиран погодок, со оглед дека на Мундијалот ќе играме најмалку три натпревари“, се пошегува Мидо со порака до селекторот Купер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…