Првиот фаворит за победа на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал во второто коло лесно го совлада Аргентинецот Пела, со резултат од 3:0 (6:2, 6:1, 6:1).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Светскиот број еден за нешто повеќе од два часа игра го совлада Пела кој немаше никаков одговор на играта на Надал.
Надал експресно го реши мечот во своја полза, му дозволи само четири гејма на противникот во целиот меч, а во следното коло игра со Ришар Гаске.