Фудбалскиот сојуз на Египет објави дека Мохамед Салах за три недели ќе се врати на терените и ќе биде во можност да и помогне на оваа селекција на Мундијалот во Русија.
Салах се повреди во саботното финале во Киев против Реал Мадрид кое Ливерпул го загуби со 3:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Египќанецот мораше да го напушти теренот во 30 минута после еден дуел со Серхио Рамос.
Како што пренесува „Скај“, Салај во вторникот допатувал во Валенсија на посебни третмани.
Египатеснкиот сојуз наведе дека е прерано да се очекува Салах да настапи на првиот натпревар против Ургувај на 15 јуни, но дека би можел да биде спремен за второто коло против Русија, четири дена подоцна.
Во последното коло од групната фаза Египет на 25 јуни ќе игра против Саудиска Арабија.