Дома Фудбал Златан не запира, но и тоа не му помага на ЛА Галакси

Златан не запира, но и тоа не му помага на ЛА Галакси

Фудбалерите на Далас синоќа остварија победа во гости против ЛА Галакси со 3:2 во рамките на американската МЛС лига.

Далас игра одлично од почетокот на сезона за разлика од Галакси кој тешко успева да врзе два добри резултати иако има добра екипа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гостите синоќа дојдоа до водство во 33. минута, а седум минути покасно Колман постигна погодок за 0:2.

На почетокот од второто полувреме Груезо постигнува нов гол за гостите од Далас. Сепак до крајот на натпреварот се разбуди Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола. Швеѓанецот прво во 69. минута погоди за 1:3 и во судиското продолжение постигна уште еден погодок за конечен резултат на натпреварот.

Далас сега се наоѓа на 2. позиција со освоени 23 бода, додека Галакси е на 8. позиција со 16 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо ја „отвори вратата“ за заминување на еден од најдобрите во Реал Мадрид

Еден од најперспективните фудбалери на Реал Мадрид, Родриго Гое, би можел да го напушти „С…