Дома Топ вести Мајката на Роналдо: Ми се допаѓа Париз, но преферирам да се врати во Манчестер!

Мајката на Роналдо: Ми се допаѓа Париз, но преферирам да се врати во Манчестер!

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во сите медиуми откако Португалецот најави дека е можно да го напушти Реал Мадрид.

Португалските медиуми веднаш почнаа да го поврзуваат Роналдо со Пари Сент Жермен, а денешното издание на „АС“ потврди дека неговиот агент започнал преговори со ПСЖ (види ТУКА).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дека сериозно нешто се „крчка“ околу трансферот на Кристиано Роналдо потврди и неговата мајка, Долорес Авеиро.

Мајката на Роналдо, која инаку е многу влијателна во носењето на неговите одлуки, изјави дека би била задоволна синот да се прсели во Париз, но преферира да се врати во Манчестер.

„Ми се допаѓа Париз. Од време на време одам таму во туристичка посета. Нема да бидам незадоволна доколку Кристиано потпише за ПСЖ, но јас преферирам да се врати во Манчестер Јунајтед“, изјави Долорес за „SFR Sport“.

Ваквата изјава на мајката на Роналдо само додатно ги засили шпекуалциите за негово заминување од Реал Мадрид, иако до пред неколку дена тоа изгледаше неверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…