До почетокот на Светското првенство останаа само уште 19 денови, а припремите за најголемото фудбалско случување веќе на големо се започнати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот на актуелиот светски шампион Германија, Јоаким Лев даде изјава во која помеѓу останатото зборуваше за Кристиано Роналдо и Лионел Меси. Селекторот на Германија директно одговори кој од нив двајца според него е подобар.
„Ќе останам на мислењето дека Меси е подобар. Роналдо е сензационален, голем професионалец и неверојатна машина за голови веќе неколку години. Сепак, едноставно Меси е најкомплетен играч кој некогаш сум го видел“.
„Асистенциите на Меси се генијални и во последните десет сезони секогаш постигнува околу 50 погодоци, но исто така има и барем 30 асистенции, за мене тоа е неверојатно. Да бидеш комплетен мораш да имаш повеќе од постигнувањето голови“, изјави Лев.