Веќе подолго време е јасно дека Интер во новата сезона ќе има новајлија во напаѓачката линија.
Аргентинскиот напаѓач од редовите на Расинг, Лаутаро Мартинез ќе го носи дресот на „нероаѕурите“ и само прашање на време е кога се ќе биде официјализирано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најновите информации од италијанските медиуми, Мартинез утре пристигнува на медицински прегледи во Милано.
Самиот агент на фудбалер претходно неколку пати потврдуваше дека неговиот клиент и клубот за кој настапува постигнале договор, па се чека само на потписот.
Иначе, Мартинез како и неговиот иден соиграч во Интер, Мауро Икарди нема да биде дел од репрезентацијата на Аргентина која ќе патува во Русија на Мундијалот ова лето.