Дома Трансфер зона Мурињо го сака Варан на „Олд Трафорд“

Мурињо го сака Варан на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака значително да го засили тимот за новата сезона, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ имаа разочарувачка сезона без освоен трофеј и со цели 19 бода зад градскиот ривал, па Муроњо смета дека му се неопходини големи засилувања.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Дон Балон“ пренесува дека главната трансфер цел на „Специјалниот“ ќе биде дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан.

Токму Мурињо го донесе Варан во тимот на Реал Мадрид за време на неговиот престој на „Сантијаго Бернабеу“. Тој ги познава добро неговите квалитети и има желба повторно да работи со 25-годишниот Французин.

„Ќе инвестираме сериозно за да го подобриме тимот. Во еден состав секогаш има фудбалери кои не играат доволно, па затоа е нормално тие да сакаат да си заминат. Значи ќе треба да ја промениме групата“, изјави недодамна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…