Напаѓачот на Челси, Алваро Мората не се најде на списокот на селекторот за Светското првенство во Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Хуан Лоптеги го „казни“ Мората поради лошата сезона, а шанса место него доби напаѓачот на Селта Виго, Јаго Аспас.
Иако поради него остана без место на Мундијалот, Мората се покажа како вистински спортист и со СМС му честиташе на Аспас за повикот во репрезентацијата.
„Мората ми испрати честитка за повикот во репрезентацијата. Во добри односи сме и нема завист.“ – рече Аспас и додаде:
„За мене овој повик значи многу. Држава сме од 46 милиони жители и навистина е голема обврска, но и чест да се биде меѓу 23 играчи кои ќе ја претставуваат својата држава на СП. “
Аспас за селекцијата на Шпанија дебитираше пред нешто помалку од две години, а во дресот на Црвената фурија на осум настапи постигна четири погодоци.