Интер со победата против Лацио го обезбеди четвртото место кое „нероаѕурите“ ги води во Лигата на шампионите и тоа за прв после сезоната 2011/2012.
Добри вести за навивачите на овој клуб пристигнуваат и од нивниот најдобар играч и капитен, Мауро Икарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Икарди за „Скај Спорт порача:
„Ќе разговараме со управата со цел заедно да одлучиме кое е најдоброто решение. Јас сакам да останам, не сум само играч на Интер, туку и голем обожавател на овој клуб. Веќе купив нова куќа во Милан и се надевам дека тоа е некој знак“, изјави Икарди.
Капитенот на Интер зборуваше и за грешката на дефанзивецот на Лацио кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Интер, Де Вриј.
„Сигурно тоа не го направи намерно, се обиде да го направи најдоброто, тоа беше судбина!“.
Интер се враќа во Лигата на шампионите после шест години, а Икарди ќе го слави своето деби во најелитното европско натпреварување.
„Пласманот во Лигата на шампионите е награда за се што правевме. Мислам дека следната сезоната ќе бидеме и подобри“, заклучи Икарди.