Иако во претходните денови се шпекулираше, денес како „бомба“ одекна веста дека легендарниот Буфон во наредните две години ќе го носи дресот на Пари Сент Жермен.
Италијанските медиуми тврдат дека договорот е постигнат, а Буфон во наредниет денови ќе стави потпис на двегодишен договор „тежок“ 7 милиони евра по сезона (види ОВДЕ).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Буфон уште пред неколку месеци најави пензионирање, но се предомисли и сакаше да продолжи да брани за „старата дама“. Сепак, раководство на Јувентус му соопштило дека од следната сезона прв голман ќе биде Војчех Шчешни, па Буфон одбил да биде замена.
„Бјанконерите“ исто така му понудиле да биде дел од раководството на клубот, но Џиџи и тоа го одбил бидејќи сака се уште активно да брани.
Легендарниот Буфон соопшти дека се уште сака да се натпреварува на највисоко ниво, за најважните трофеи, па токму тоа е причината што го избра Пари Сент Жермен.
Богатите „светците“ имаат фантастичен тим кој додатно ќе го засилат ова лето и атакуваат на освојување на Лигата на шампиони, единствениот трофеј кон му недостасува на Буфон.