Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ неодамна го објави списокот на играчи кои се во конкуренција да се најдат во авионот за Русија каде што се игра Светското првенство.
На списокот се најде и Никола Калиниќ кој зад себе и нема баш добра сезона. Калиниќ на „Сан Сиро“ пристигна како големо засилување од Фиорентина, но во својата прва сезона речиси не покажа ништо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Многу се пишува за тоа дека Калиниќ ќе го напушти Милан иако помина само една година. Интерес за хрватскиот напаѓач веќе покажа Шалке, но според италијанските медиуми сериозно за него размислува и Локомотива од Москва.
Наводно, од Локомотива сакаат да го доведат Калиниќ и дека чекаат одговор од Милан. Рускиот тим за хрватскиот напаѓач е подготвен да плати околу 20 милиони евра, додека Росонерите сакаат пет милиони повеќе за да ги вратат парите вложени во него.