Дома Фудбал Италија Агентот: Буфон нема да биде испратен како Тоти!

Агентот: Буфон нема да биде испратен како Тоти!

Агентот на легендарниот голман Џиџи Буфон, Силвио Мартина навести дека голманот на Јувентус ќе се прости до фудбалот на крајот на сезоната.

Буфон ќе одржи специјална пресконференција во четврток на која се очекува да го објави крајот на кариерата, а Мартин тврди дека нема да биде испратен со спектакл како што Рома го испрати Тоти.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Неговото евентуално простување нема да биде како тоа на Тоти. Таквите емотивни прослави се својствени за Рим, во Торино стилот е поинаков. Очекувам поздравување од публиката како што имаше Дел Пјеро“, изјави Мартина.

„Тоа сигурно ќе биде тежок ден до многу солзи. Имав среќа да соработувам со најдобриот голман на сите времиња. Му се извинувам на Донарума, но никој никогаш нема да биде како Буфон“, заклучи агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Димарко откри каков проблем имал со Индзаги

Федерико Димарко изјави дека имал проблем во времето на Симоне Индзаги. Играчот на Интер б…