Дома Фудбал Италија Манчини: Ќе ја вратам Италија на светскиот врв!

Манчини: Ќе ја вратам Италија на светскиот врв!

Италијанската фудбалска федерација денес официјално го претстави Роберто Манчини за новиот селектор на националниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчини на пресконференцијата истакна дека е горд што ќе ги предводи „аѕурите“ и вети дека ќе ја врати Италија во светскиот врв.

„Многу сум горд што ќе го преземам националниот тим и им благодарам на луѓето од Федерацијаат што имаа доверба во мене. Ова беше лесен избор за мене, понудата ја прифатив веднаш. Италија секогаш имала добри фудбалери и како селектор ќе имам голем избор“, истакна Манчини.

„Тешко е сега да кажам како ќе играме. Ќе ги приспособам моите идеи според карактеристиките на фудбалерите. Треба да ја вратиме Италија на самиот светски врв. Првата цел е освојување на Европското првенство. Долго време не сме освоиле европска титула“, заклучи Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо се врати на тренинзи со нов изглед по венчавката (Фото)

Кристијано Роналдо се врати на тренинзи во саудискиот клуб Ал-Наср само неколку дена откак…