Фудбалерите на Интер за време на викентот доживеаа шокантен пораз на домашен терен од Сасуоло (1:2) во претпоследното коло од Серија А.
Меѓутоа, спасот за Интер беше киксот на Лацио во Кротоне со што овој тим и понатаму остана во борба за Лигата на Шампионите. Поразот од Сасуоло тешко им падна на навивачите на Интер кои имаа што да им кажат на своите играчи по натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите на Интер ги испратија играчите со свиркање од теренот, а најголеми навреди од трибините доби Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец беше бесен на однесувањето на навивачите и во еден момент се врати од тунелот за да се пресмета со нив.
По жестоките навреди од двете страни реагираа и чуварите кои некако успеаа да го смират Перишиќ и да го одведат во соблекувалната. Италијанските медиуми пишуваат дека ова би било збогување на Перишиќ од навивачите на Интер, бидејќи најверојатно ќе го напушти клубот ова лето.