Големата ѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар кој очекувано беше избран за најдобар фудбалер во Лига 1, изјави дека веќе е изморен од шпекулациите за негов трансфер.
Веќе неколку месеци сите медиуми пишуваат дека Нејмар не е среќен во Париз и дека ова лето ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид. Вчера медиумите на Островот излегоа со информација дека и Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во траката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар изјави дека сега е фикусиран само на Светското првенство и не размислува за трансфери.
„Мадрид или Јунајтед? Сите знаат зошто дојдов во Париз и кои се моите цели. Сега сум фокусиран само на Светското првенство и не е време да зборувам за трансфери. Веќе и се изморив од сите овие шпекулации“, изјави Нејмар.
Пред два дена претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи изјави дека Нејамар „2.000% останува во ПСЖ и следната година“.