Дома Фудбал Италија Алегри: Останувам во Јувентус, нормално ако не ме отпуштат

Алегри: Останувам во Јувентус, нормално ако не ме отпуштат

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри најави дека ќе остане во клубот и наредната сезона.

Седум години во низа тимот од Торино ја освојува титулата во Серија А, а последните четири години ја освојува дуплата круна. Тимот од Торино под водство на Алегри делува незапирливо за останатите клубови, но прашање е дали сака да остане, бидејќи се поврзуваше со Челси, Арсенал и уште неколку тимови.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Ако не ме отпуштат, ќе останам и наредната сезона во Јувентус.“ – рече Алегри и додаде:

„Кога ќе завршиме со славјето, мора да седнеме на маса со бистри глави. Мора да ја испланираме иднината. Од идната сезона се започнува од нула, сите се конкуренти.“

Алегри го прокоментира и вчерашното реми на Олимпико против Рома (0:0).

„Среќен сум што го завршивме ова поглавје и можеме да одмориме. Беше тешко, морам да го пофалам Наполи, не се откажаа од титулата до последниот ден.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…