Како што се наближува крајот на сезоната во фудбалските првенства, така светот полека вниманието го насочува своето внимание кон Мундијалот во Русија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За жал ние се уште сонуваме за настап на еден Мундијал. Дел од најголемото спортско случување во Русија ќе бидат репрезентациите на Хрватска и Србија, а сега за медиумите зборуваше селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.
Далиќ и посака среќа на селекцијата на Србија, но предупреди и на противникот кој го смета за најнезгоден во групната фаза.
„Србија има слична група како и ние. Бразил е фаворит на целиот Мундијал. Швајцарија е повеќе по опасна од Костарика, Владимир Петковиќ е добар тренер кој добро ја сложи репрезентацијата и ќе биде главен противник на Србија во борбата за пласман во следната фаза“.
„Тие имаат добри играчи како и одличен селектор. Младен Крстајиќ го сака истото што и јас – да ја поминеме групата, но ќе биде навистина тешко. Како што кажав Србија има квалитет и во своите редови има играчи кои играат во големи клубови“, изјави Далиќ.
За крај на Далиќ му беше поставено прашањето за потенцијално финале помеѓу Србија и Хрватска.
„Па тоа би било одлично, дај Боже да биде така, веднаш потпишувам“, порача Далиќ.