Дома Трансфер зона Севиља сака да си го врати Пероти

Севиља сака да си го врати Пероти

Севиља има желба ова лето да го врати во своите редови фудбалерот на Рома, Диего Пероти, пренесуваат шпанските медиуми.

Аргентинецот го носеше дресот на Севиља во периодот од 2007 до 2014 година, пред да се пресели во Џенова.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Пероти во Џенова буквално „експлодираше“ и потоа во 2016 година се пресели во Рома и е еден од најважните поединци кај „волчицата“.

Пероти има договор со италијанскиот клуб до 2021 година, но од Рома немаат ништо против да се разделат со него доколку пристигне адекватна понуда.

Шпанските медиуми тврдат дека Севиља сака да го врати на „Санчез Писхуан“ и веќе стапила во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…