Дома Трансфер зона Симеоне: Гризман во Барса? Мислам само на финалето

Симеоне: Гризман во Барса? Мислам само на финалето

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека воопшто не размислува за потенцијалниот трансфер на Антоан Гризман во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што се наближува крајот на сезоната медиумите се почесто пишуваат дека Французинот ќе се пресели во Барселона за 100 милиони евра.

„Не мислам за тоа. Единствено за што размислувам е мечот со Гетафе во Примера и финалето во Лига Европа следната среда. Ништо не сум видел, ништо не сум чул. Гризман е се уште тука и тренира како секогаш“, изјави Симеоне.

27-годишниот Гризман пристигна во Атлетико во 2014 година до Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра и изминатите години се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Тој во својот договор со Атлетико има откупна клаузула од 100 милиони евра, а медиумите тврдат дека веќе се договорил со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…