Дома Фудбал Италија Италијанците ги копираат Шпанците: Голема промена во италијанскиот фудбал

Италијанците ги копираат Шпанците: Голема промена во италијанскиот фудбал

Лидерите на Серија А потврдија дека од следната сезона италијанските клубови ќе можат да формираат Б тимови, исто како и Шпанците.

Б тимовите ќе започнат да се натпреваруваат во Серија Ц и ќе имаат право да изборат пласман во Серија Б, но нема да можат да се натпреваруваат во најелитното рангирање. Овој предлог одамна го предложија Јувентус и Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Клубовите од Серија А можат да формираат свои Б тимови кои ќе играат во Серија Ц. Б екипите ќе можат да имаат играчи до 21 година и двајца играчи кои не смеат да имаат повеќе од 23 години. Б клубовите ќе можат да напредуваат, но никогаш тимови од ист клуб не можат да играат во иста лига“, изјави Алесандро Костакурта.

Веста не беше пречекана со воодушевение во повеќето клубови кои се натпреваруваат во Серија А, а најмногу им смета тоа што немаше најава во врска со Б тимовите. Сепак, многумина на Апенините сметаат дека оваа одлука ќе го подобри квалитетот на лигата во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …