Дома Фудбал Добри вести за Милан пред финалето во Купот

Добри вести за Милан пред финалето во Купот

Италијанските медиуми пренесуваат дека најверојатно Лукас Биглија ќе биде спремен за финалето од Купот против Јувентус кое на програмата е во среда.

Аргентинецот е надвор од терените од 21 април кога заработи повреда на два лумбални пршлени на мечот со Беневенто.

Првичните прогнози беа дека сезоната за Биглија е завршена, но играчот за врска се опорави порано од предвиденото и денес тренираше со остатокот од тимот.

Се уште не е сигурно дали Биглија ќе добие дозвола од лекарите за наспат, но најверојатно ќе биде повикан и ќе го почне мечот од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …