Дома Фудбал Бурно на „Камп Ноу“: За Роналдо прерано заврши „Ел Класико“

Бурно на „Камп Ноу“: За Роналдо прерано заврши „Ел Класико“

Интересно е на „Камп Ноу“, Барселона остана со десетмина, Бејл се извлече да не заработи црвен картон, а Кристијано Роналдо мораше да излезе од игра.

Португалецот заработи незгоден удар, во акција кога постигна погодок, се пожали на болка по еден дуел, и тоа веројатно е причината поради неговото излегување од игра.

Зидан на полувреме во игра го внесе Асенсио, а Валверде беше принуден да го внесе Семед наместо Кутињо.

Ќе и биде тепко на Барселона со играч помалку, но којзнае, можеби до крајот ќе има и уште црвени картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантази ги открива тајните на Челси? Клубот испрати предупредување

Промените во виртуелните состави пред мечот со Тотенхем предизвикале сомнежи дека повредат…