Дома Фудбал Видео: Интер со „покер“ испрати порака до Рома и Лацио

Видео: Интер со „покер“ испрати порака до Рома и Лацио

Тимот на Интер лесно со 4:0 победи на гостувањето кај Удинезе и испрати порака до римските клубови во борбата за ЛШ.

Ова за Интер беше највбажниот натпревар сезонава, па затоа тргнаа фуриозно и уште во 5-та минута имаа фантастична шанса преку Перишиќ.

Водството стигна во 13-та минута, откако Ранокиа со глава ја затресе прежата од корнер. „Нероаѕурите“ победникот го решија во последните минути од првиот дел со два нови гола.

Најпрво во 44-та минута погоди Рафиња, а само една минута подоцна и Икарди се запиша во листата на стрелците.

Во второто полувреме повторно доминираше Интер, домаќините останаа со играч помалку после исклучувањето на Фофана во 49-та минута. Конечните 4:0 ги постави Борха Валеро во 71-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…