Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ ова лето би можел да направи голем трансфер, пишуваат итаPлијанските медиуми.
Имено, ако можеме да им веруваме на медиумите на Апенините, босанскиот репрезентативец од редовите на „старата дама“ би можел да направи трансфер во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Реал Мадрид и оваа сезона е во врвот на европскиот фудбал, претседателот на клубот Флорентино Перез наводно има желба да го освежи тимот и да засили одредени линии.
Пјаниќ е еден од фудбалерите кои Перез ги „пикирал“ за летото кое следи и како што се наведува е спремен да понуди околу 60 милиони евра.
Босанскиот репрезентативец и претходно се поврзуваше со Реал. Пјаниќ во Јувентус пристигна во 2016 година од Рома, а оваа сезона многу веројатно ќе стигне до второто Скудетот со „бјанконерите“.