Дома Фудбал Англија Мурињо мисли на се: Немам ништо против него, не игра затоа што не оди на Мундијалот

Мурињо мисли на се: Немам ништо против него, не игра затоа што не оди на Мундијалот

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи во последно време често пати се наоѓа на клупата за резерви, па новинарите ги интересираше зошто е тоа така.

Смолинг, Џоунс, Линделоф и Рохо имаат предност во однос на Баи, а Мурињо јасно одговори на прашањето: „Зошто Баи е во втор план?“.

„Не е повреден. Тој е сега е во втор план бидејќи не учествува на Мундијалот за разлика од нашите останати дефанзивци. Јас правам се што во моја моќ подобро да ги подготвам фудбалерите за Светското првенство“.

„Рохо, Линделоф, Смолинг и Џоунс сакаат да се изборат за место во своите репрезентации. Баи го нема тој притисок и поради тоа тие имаат предност. Немојте да мислите дека имам нешто против Ерик, само сметам дека овој момент нив треба да им дадам повеќе простор“, заклучи менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Баи иначе е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска и последниот натпревар за „ѓаволите“ го одигра против Манчестер Сити во оној голем пресврт на „Итихад“ пред нешто помалку од еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ во драматичен финиш извлече реми – Лил со жестоки критики кон судиите

ПСЖ доминира во француската лига веќе неколку години, а последните две сезони се истакнува…