„Нероаѕурите“ ја поминаа бројката од 1 милион гледачи на нивните натпревари оваа сезона и станаа првиот клуб од Серија А на кого му успеало такво нешто.
Распродадениот „Џуземе Меца“ за дербито со Јувентус минатиот викенд имаше 78.238 гледачи, а благодарение на тоа посетата на домашните натпревари на „нероаѕурите“ достигна бројка од 1.026.111 гледачи или во просек 57.010 по натпрвар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Интер до крајот на сезоната му преостанува уште еден меч со Сасуоло на домашен терен, па ќе може додатно да ја зголеми таа бројка.
Инаку фудбал во живо во Италија убедливо најмногу се гледа во Милано, бидејќи градскиот ривал на Интер е втор најпосетен оваа сезона со 894.502, односно преку 52.618 гледачи по натпревар. Меѓутоа „росонерите“ имаат уште два домашни натпревари оваа сезона.
Веднаш позади нив е Наполи со 719.503 гледачи или во просек по 42.324 по натпревар, додека Јувентус е дури четврти со 38.760 гледачи по натпревар.
Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!