Дома Трансфер зона Шпанецот ја „затвори“ вратата: Не се враќам во Барселона

Шпанецот ја „затвори“ вратата: Не се враќам во Барселона

Како што пренесува „Кадена СЕР“ Барселона е минато за офанзивецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жерар Делофеу се врати во Барселона минатото лето, управата ја искористи и за 12 милиони евра го врати во своите редови, но Делофеу не се снајде по враќањето и во јануари беше испратен на позајмица во Вотфорд.

Добро го започна вториот дел од сезоната, но потоа следуваше повреда. Сега се опорави од повредата и се надева дека добро ќе ја заврши сезоната. Сепак, во Барселона нема да се врати.

„Јасно е дека нема да се вратам во Барселона. Не верувам дека тренерот сака да се вратам, а од Вотфорд ми е кажано дека сум пожелен тука. Не можам да кажам што ќе се случи, но морам да бидам трпелив, сега се опоравив од повредата и се надевам дека сезоната ќе заврши добро за мене. Морам да останам смирен и да носам правилни одлуки. Враќањето во Барселона не е реалност“, изјави Делофеу.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…