Дома Трансфер зона Рафиња сака да остане, Интер преговара со Барса

Рафиња сака да остане, Интер преговара со Барса

Раководството на Интер ќе се обиде да го задржи во тимот Рафиња, кој во јануари пристигна на „Џузепе Меаца“ на позајмица од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во договорот стои клаузула дека „нероаѕурите“ ќе можат да го откупат Рафиња на крајот на сезоната за 35 милиони евра, но таа сума е превисока за италијанскиот клуб.

Медиумите во Италија пренесуваат дека раководството на Интер започнало преговори со Барселона за намалување на цената, а во прилог им оди фактот што самиот Рафиња преферира да остане во Милано.

Рафиња за брзо време се своите игри стана миленик на навивачите, па спортскиот директор Пјеро Аусиолио ќе се обиде да ги убеди Каталонците да ја намалат цената на плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…