Дома Фудбал Видео: Во натпреварот во кој Барса ја обезбеди титулата Ернесто Валверде покажа големина

Видео: Во натпреварот во кој Барса ја обезбеди титулата Ернесто Валверде покажа големина

Фудбалерите на Барселона во вчерашниот натпревар против Депортиво Ла Коруња славеа победа со 4:2 и на тој начин ја обезбедија новата титула шампион на Шпанија.

Барселона стигна до 25 титула во Примера, а седма во последните 10 години. Во целата сезона Каталонците беа поразени само на два натпревари – реваншот против Еспањол во купот и натпреварот во Рим против Рома пред неколку недели, а во првенството не запишаа ниту еден пораз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од друга страна противникот на Депортиво кој вчера беше поразен се сели во понизок ранг.

Секако, фудбалерите на Депортиво поради тоа беа разочарани, а на патот кон соблекувалната добија утеха од Ернесто Валверде, кој сакаше барем малку да ја ублажи болката на протникот.

Овој потег на Валверде и неговите помошници секако е за пофалба, а Депортиво дури и да ја совладаше Барселона ќе беше далеку од изборување на опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Автомобилот на Диого Жота целосно изгорен – снимка од местото на трагедијата (Видео)

Фудбалскиот свет е во шок поради трагичната сообраќајна несреќа во која животите ги загуби…