И обвинителот на ФС Италија побарал да му се достават спорните детали…
Можеби Јувентус после киксот на Наполи во Фиренца и поразот од 3:0 има четири бода повеќе, но далеку од тоа дека „старата дама“ мирно ќе го дочека финишот од сезоната, бидејќи е фрлена голема дамка во победата над Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, главниот обвинител на Фудбалската федерација на Италија побарал да му се достави снимката на кој Макс Алегри разговара со четвртиот судија, Паоло Таљавенто. Причина е деталот од микс зоната по звршувањето на дербито кога Алегри додека арбитрот поминуваше покрај него го поздрави со прекарот „Таља“ и го поркоментира судењето на Даниеле Орсато.
„Добро помина навистина…Беше добар…Унапредете го“, наводно Алегри му кажал на четвртиот судија.
„Promosso“ е изразот кој Алегри го употреби на крајот и тој е израз за некој кој го положил испитот и кој е спремен да помине на следното ниво.
Според тврдењето на италијанската новинаска агенција „АNSA“ oбвинителот на ФС Италија Џуџепе Пекораро побарал да му бидат доставени снимките за да утврди дали има нешто спорно.
Другото видео кое се појави на интернет е како Таљавенто наводно после изедначувачкиот гол на Квардадо за 2:2 на микрофонот на кои разговараат судиите им кажал „Nel recupero vinciamo“, oдносно „Ќе победиме во продолжение“.