Дома Останати Кошарка НБА Видео: Бостон ја доби „мајсторката“, шампионот рутински

Видео: Бостон ја доби „мајсторката“, шампионот рутински

Синоќа во НБА лигата се одиграа два натпревари. Бостон ја доби мајсторката и го елиминираше Милвоки, додека Голден Стејт со победа тргна против Њу Орлеанс.

Бостон Селтикс оди во следната рунда од плејофот откако вчера го совлада тимот на Милвоки Бакс со резултат 112:96 и ја освои серијата со 4-3.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Хорфорд и Розиер со по 26 поени беа најпрецизни во домашниот табор, а солидна вечер имаше и Татум со 20 поени. Кај Милвоки се истакна Мидлтон, кој со 32 поени беше прв стрелец на мечот.

Противник на „зелените“ во конференциското полуфинале на Истокот ќе биде тимот на Филаделфија.

Атуелниот шампион Голден Стејт Вориорс стигна до водство од 1-0 во серијата против Њу Орлеанс Пеликанс, откако пред домашните навивачи триумфираше со резултат 123:101.

Томпсон со 27 поени беше најпрецизен на мечот, Дурант запиша само еден помалку, додека Грин мечот го заврши со фантастичен „трипл-дабл“ од 16 поени, 11 асистенции и 15 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…