Попладнево во рамките од 32 коло во германската Бундес лига беа одиграни пет натпревари од кои го добивме и првиот патник во понизок ранг.
Баерн Минхен иако во комбиниран состав Баерн на „Алијанц Арената“ го совлада Франкфурт со 4:1. Франкфурт го предводи Нико Ковач кој на крајот од сезоната ќе седне на клупата на Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мрежите мируваа се до 43 минута, а потоа Никлас Дорш го доведе Баерн во водство, за во 76 минута Вагнер да зголеми на 2:0. Само две минути подоцна резервистот на Ајнтрахт, Алер успеа да намали на 2:1.
За победа од 4:1 до крајот за домаќинот погодуваа Рафиња и Зиле.
Келн денес загуби од Фрајбург на гостински терен и сега со сигурност е патник во второто по ранг натпреварување во Германија. Фрајбург славеше победа од 2:0.
Шалке и Минхенглдабах одиграа 1:1, без победник заврши и натпреварот помеѓу Херта и Аугузбург 2:2, додека Хамбург на гостински терен со 1:3 славеше против Волфсбург.