Францускиот напаѓач, Ентони Марсијал најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната.
Неодамна, Жозе Мурињо потврди дека Марсијал може на крајот од сезоната да бара нов клуб, бидејќи не се наоѓа во неговите планови. Францускиот напаѓач на масата има неколку понуди, а изгледа дека Јувентус и Баерн ќе водат вистинска битка за неговиот потпис ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, според италијанските медиуми, Јувентус веќе започнал со реализација на овој трансфер. Наводно, „Старата дама“ е подготвена да плати 50 милиони евра, колку што и бара Јунајтед за Марсијал, па веднаш на почетокот на трансфер период би можел да се пресели во Торино.
Марсијал оваа сезона постигна 11 гола и запиша девет асистенции, што е одличен учинок со оглед на минутажата која ја има под водство на Мурињо. Францускиот напаѓач во Јувентус би требало да пристигне како замена за Марио Манџукиќ кој најверојатно ќе ја напушти „Старата дама“.