Легендарниот фудбалер на Ливерпул, а сега тренер, Стивен Џерард доби понуда од славниот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Стивен Џерард наскоро би можел да го преземе кормилото на Глазгов Ренџерс.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тимот од „Ајброкс парк” веќе имал состанок со Џерард, па 37-годишниот Англичанец е блиску до договор со славниот шкотски клуб.
Џерард моментално го води младинскиот тим на Ливерпул, а доколку ја прифати понудата од Ренџерс најголем ривал ќе му биде поранешниот тренер Брендон Роџерс, кој го води Селтик.