Средниот ред на „топчиите“ во текот на летото би можел да биде засилен со доведувањето на репрезентативецот на Шведска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе некое време се пишува дека фудбалерот на Лајпциг, Емил Форзберг е на излезни врати од бундеслигашот. Во денешното издание на „Билд“ се наведува дека тимот на Арсенал покажал интерес за неговите услуги.
Според информациите на германскиот реномиран медиум, управата на Арсенал е спремна да понуди 35 милиони фунти за фудбалерот за врска кого ќе го гледаме на Мундијалот во Русија.
Форсберг во медиумите претходно се поврзуваше со Ливерпул и Милан, но изгледа дека првата конкретна понуда би можела да стигне од Лондон.
Швеѓанецот има 26 години и подеднакво добро може да игра, на двете страни како крило, но и како офанзивен играч за врска.\
Секако, многу ќе зависи и од новиот стратег на Арсенал кој ќе пристигне на крајот на оваа сезона.
Arsenal could launch a summer bid for £35million-rated RB Leipzig winger Emil Forsberg. (Source: BILD) pic.twitter.com/rgPNkSFYsF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 25, 2018