Во последните неколку дена Јувентус ги интензивираше контактите со раководството на Лацио за големата ѕвезда на „орлите“, Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
„Тутоспорт“, весник кој е близок до „старата дама“ пренесува дека српскиот репрезентативец е главна трансфер цел на Јувентус во летниот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, на „бјанконерите“ нема да им биде лесно да дојдат до потписот на Милинковиќ-Савиќ бидејќи конкуренцијата е огромна.
За него се силно заинтересирани клубовите од Манчестер и Пари Сент Жермен и се спемни да платат „богатство“ за неговиот потпис.
Милинковиќ-Савиќ се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, и Лацио нема да разгледува понуди помали од 100 милиони евра.
23-годишниот српски репрезентативец оваа сезона одигра 31 натпревар во Серија А и постигна 10 гола, притоа запиша и 3 асистенции.
In the recent days, There has been some contacts for Sergej-Milinkovic-Savic with Lazio 'The Dream of Juventus', PSG, Manchester clubs & Many more big names are interested in the Serbian midfielder. Who is rated at €100m. [TS] pic.twitter.com/mlugegIZ5i
— Forza Juventus (@ForzaJuve2017) April 25, 2018