Калиду Кулибали е херојот на Наполи, откако го постигна победоносниот гол против Јувентус, но неговиот агент денес ги шокираше „наполитанците“.
Кулибали веќе две сезони игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па многу европски гиганти покажуваат интерес за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Челзи нудеше 50 милиони евра, но Наполи не сакаше да слушне за продажба и ги одби сите понуди, а дефанзивецот потпиша нов договор.
Кулибали има договор со Наполи до 2021 година, но проблем за италијанскиот клуб е што има откупна клаузула од 70 милиони евра.
„Постои можност Кулибали ова лето да го напушти Наполи. Во фудбалот се е можно, особено кога некој играч има откупна клаузула. Многу клубови се интересираат за него, но сега тој е фокусиран исклучиво на Наполи и борбата за Скудетото“, изјави агентот на дефанзивецот, Бруно Сатин.
Покрај Челзи интерес за Кулибали покажуваат уште клубовите од Манчестер, Баерн Минхен и Пари Сент Жермен.