Дома Фудбал Останато „Франс Фудбал“ листа: Меси го победи Роналдо за 32 милиони евра

„Франс Фудбал“ листа: Меси го победи Роналдо за 32 милиони евра

Меси и Роналдо се двајцата фудбалери кои долги години водат борба како со фудбалските рекорди постигнати на теренот, така и кога се финансиите во прашање…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реномираниот француски медиум ја објави заработката на фудбалерите оваа сезона, а секако на врвот е тројката Меси, Роналдо и Нејмар.

Лидер е Меси со заработка од 126 милиони евра, потоа следува Роналдо со 94 милиони и Нејмар со 81.5.

Листата на најплатените пет фудбалери ја затвараат Герет Бејл со 44 милиони и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.

Според оваа листа, Меси го надмина Роналдо и сега тој е официјално најплатениот фудбалер. Минатата година Роналдо беше прв со 87.5 милиони евра.

Кога се тренерите во прашање тука лидер е Мурињо кој на „Олд Трафорд“ заработил 26 милиони евра, следи Марчело Липи со 23 милиони (селектор на Кин), Диего Симеоне со 22 и Зинедин Зидан со 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дански доктор откри нови детали за Ериксен (Видео)

Кристијан Ериксен колабира на пријателскиот меч меѓу Данска и Украина, а сега пристигнуваа…