Дома Фудбал Видео: Интер и Лацио сигурни – продолжува трката за ЛШ

Видео: Интер и Лацио сигурни – продолжува трката за ЛШ

Во Серија А се води „мртва“ трката за местата кои водат во Лига на шампиони, па Интер и Лацио денес одговорија на победата на Рома.

Интер потешко од оечкуваното оствари голема победа на гостувањето кај Киево. Отпорот на домаќините го скрши Икарди во 62-та минута, а десетина минута подоцна Перишиќ зголеми на 2:0. Домаќинот во финишот на натпреварот само го ублажи поразот преку Степински.

Лацио имаше ново шоу на Олимпико и ја победи Сампдорија со 4:0. Серијата ја отвори Милинковиќ Савиќ, а на 2-0 зголеми Де Вриј. Во второто полувреме Имобиле постигна два гола.

Кротоне постигна голема победа на гостувањето кај Удинезе со 2:1, а со истиот резултат Аталанта го победи Торино и го претекна Милан на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…