Дома Фудбал Англија Покетино го брани Мурињо: Сезоната на Јунајтед е фантастична!

Покетино го брани Мурињо: Сезоната на Јунајтед е фантастична!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино пред полуфиналето во ФА Купот имаше само убави зборови за Жозе Мурињо за кого смета дека е еден од најдобрите во професијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Според мене, Жозе Мурињо е еден од најдобрите менаџери во светот. Нема потреба да го докажува тоа на кој и да било. Манчестер Јунајтед има фантастична сезона, иако, слично на нас, тие се разочарани од елиминацијата од Лигата на шампионите. Мурињо прави одлична работа во втората сезона во Манчестер и тоа е факт“, изјави Покетино.

Покетино смета дека нема да има предност пред Манчестер бидејќи целата сезона тимот игра на „Вембли“.
„Овој пат е различно, бидејќи ќе го делиме стадионот со Манчестер Јунајтед. Тие исто така имаат доволно искуство на „Вембли“. Не мислам дека ние имаме предност. Мислам дека тоа ќе биде типичен натпревар за Купот“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скалони доби ужасни вести: Аргентинецот поради тешка повреда на тренинг ќе го пропушти Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Аргентина се подготвува за одбрана на златото кое го освоија…