Дома Трансфер зона Револуција во Дортмунд – Борусија останува без половина тим

Револуција во Дортмунд – Борусија останува без половина тим

Како што пренесува угладниот германски весник „Кикер“, Борусија Дортмунд ова лето би можела да остане без половина тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа сезона е неуспешна за „милионерите“, тимот нема никаков напредок, сигурно ќе биде донесен нов тренер, а составот ќе претрпи значителни промени.

Наблиску до заминување се Шмелцер, Шахин и Шурле. На нив тројцата наводно веќе им била покажана излезната врата, но бројот на фудбалери кои можат да заминат ова лето би можел да биде и двоцифрен.

Во групата на фудбалери кои можат да заминат се Кастро, Дурм, Гуереро, Исак, Роде, Јулијан Вајгл, Бартра и Толијан, а исто така и капитенот Сократис размислува за промена на средината.

Раководството ќе се обиде да се договори со Челзи за да го откупи Мучу Батчуаи, а сигурно во тимот ќе останат и најголемите ѕвезди, Пулишиќ, Геце и Марко Ројс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…