Дома Трансфер зона Ако Чан замине, Клоп замена ќе му бара во – Реал Мадрид!

Ако Чан замине, Клоп замена ќе му бара во – Реал Мадрид!

Деновите минуваат, отварањето на летниот преоден рок е се поблиску, а Ливерпул се обидува пронајде адекватна алтернатива за Емре Чан кој најверојатно го напушта клубот на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголем интерес во овој момент за Чан покажа италијански Јувентус, а доколку Германецот навистина го напушти Ливерпул „Ливерпул Ехо“ пренесува дека Јирген Клоп ќе се обиде да го доведе Дани Себалос од Реал Мадрид.

Себалос и понатаму е енигма, не е јасно зошто за него во Реал нема место. Одигра само 715 минути во 19 натпревари, а во Примера само 51 минута во последните четири натпревари. Младиот играч во текот на зимскиот преоден рок сакаше да замине на позајмица во Бетис каде што играше во најдобра форма, но на крајот сепак остане во Реал.

Сепак, иако не добива премногу простор за игра кај Зидан Реал не сака да се откаже од неговите услуги за сума помала од 15 милиони евра, што е скоро еднаква на сумата која „кралевите“ ја платија на Бетис (17 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…