Дома Фудбал Англија Мата: Ќе се бориме до крај за второто место!

Мата: Ќе се бориме до крај за второто место!

Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз на „Олд Трафорд“ од ВБА, па сега во прашање го доведе и второто место на табелата.

Играчот за врска на „црвените ѓаволи“ Хуан Мата истакна дека тимот треба што е можно побрзо да го заборави поразот и да им се врати на победите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Второто место се уште не е сигурно. Немаше да биде сигурно дури и при победа против Вест Бромвич. Знаеме дека треба да играме сериозни натпревари до самиот крај на првенството“.

„Сезоната е многу долга и треба да бидеме фокусирани до последниот меч. Сакаме да го зачуваме второто место и до одиме во финалето за ФА Купот. Треба да се обидеме да го освоиме тој трофеј“, изјави Мата.

Јунајтед игра против Тотенхем во полуфиналето на ФА Купот на 21 април, а пред тоа ќе се сретне со Борнмут во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА го суспендираше Престијани за случајот со Винисиус!

УЕФА одреди суспензија од шест натпревари за 20-годишниот фудбалер Џанлука Престијани пора…