Eнтони Џошуа е светскиот шампион во бокс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многу интересни факти се поврзани со боксерот кој тежок околу 113 килограми. Џошуа во својата кариера имал 21 борба и сите ги победил со „нокаут“.
Изгледа навистина непобедлибо, а за таквата форма на светскиот шампион големи заслуги има и неговата исхрана која за обичните луѓе изгледа навистина брутално.
Џошуа во еден ден внесува повеќе од 5.000 калории, а тоа е двојно повеќе од препорачаната доза еден просечен маж, но јасно е дека Џошуа во никој случај не е просечен.
Денот на светскиот шампион започнува со пет јајца, две кришки ржен леб, два грчки јогурти и мешавина од неколку овошја.
За ручек има голема порција риба (лосос или туна), два печени компири и салата, а за вечера цело пиле, чинија без ориз, пита или варен зелечук и половина авокадо.
Значи во главно се работи за храна која спортистите ја конзумираат, но само во огромни колични. За секои од своите 113 килограми на Џошуа му е потребно шест до осум грама јаглехидрати, два грама протение и еден грам маснотии.
„Тоа е огромна количина на калории. Џош е неверојатен, нема друг борец од тешка категорија каков што е тој. Никој не е подвижен како него. Тој е единствениот тешкаш кој може да тренира како да е во средна категорија’, изјави стручњакот за исхрана на спортистите Марк Елсион.
