Аргентинските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Бока Јуниорс е заинтересирана за легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон.
Договорот на Буфон со Јувентус му истекува на крајот на сеозната, но Бока Јуниорс сака да го предомисли да ја продолжи кариерата во Аргентина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот очекува да го убеди 40-годишниот голман да се пресели во Аргентина и да му биде соиграч на негов поранешен клупски колега од Јувентус, Карлос Тевез.
Останува да видиме дали Буфон ќе се согласи да ја продолжи кариерата во еден од најславните клубови во светот, или сепак ќе ги „обесе копачките на клин“.